MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ГРАДСКОТО ДЕРБИ ОД МАДРИД ПОЛУФИНАЛЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
 
ГРАДСКОТО ДЕРБИ ОД МАДРИД ПОЛУФИНАЛЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
21.04.2017, 13:17:33
 
 
 

Попладнево во Нион се одржа жребот за полуфиналето од најелитното европско натпреварување, Лигата на шампиони.

Жребот сакаше да ги спои двата тима од Мадрид, додека другиот полуфинален пар го сочинуваат Монако и Јувентус.

.

Парови:
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид
Монако – Јувентус

Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 2-ри и 3-ти мај, а реваншите се седум дена подоцна.

Финалето ќе се игра на 3-ти јуни во Кардиф.

По извлечените парови за Лигата на шампионите, се одржа и ждрепката за полуфиналните двојки во второто по квалитет фудбалско натпреварување, Лигата на Европа.

Ждрепката посака во полуфиналето да гледаме холандско-француска пресмтка, Ајакс против Лион, а главниот фаворит за титулата Манчестер Јунајтед за противник ја има шпанска Селта Виго.

Првите натпревари од полуфиналето ќе се одиграат во четврток на 4-ти мај, додека возвратните се предвидени за седум дена подоцна. Големото финале се игра во Кардиф на 24-ти мај во Стокхлом.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News