MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е СЕРИОЗНА ВЕЛИ КУКАН
 
КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е СЕРИОЗНА ВЕЛИ КУКАН
21.04.2017, 13:08:00
 
 
 

Сите гледаме загрижувачки тренд низ целиот регион, особено во онос на регуларното функционирање на парламентарната демократија и одредени државни институции. Тоа создава опасен криг во кој слабите демократии им даваат моќ на слабите институции и обратно, вели европратеникот Едуард Кукан во интервју за Europeanwesternbalkans.com. 

 

.

-Ние се соочуваме со сериозна политичка криза во Македонија и во Албанија. Други земји во регионот, на пример Црна Гора и Косово, се борат со парламентарен бојкот. Ова изгледа како да е регионален тренд, кој е контрапродуктивен за демократскиот развој на земјите на европскиот праг. Се надевам дека во наредните месеци ќе видиме значајна промена на овој тренд. Покрај сé, ова е првиот и најзначаен Копенхашки критериум, вели европaрламентарецот кој беше дел од тројката европратеници вклучени во разговорите околу политичката криза во Македонија.

Според Кукан, процесот на проширување на ЕУ е се уште актуелен. Според него, штета е што лидерите од Западен Балкан не биле вклучени во прославата во Рим.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News