MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ИЗВАДЕНИ ОД НАЈПОЗНАТАТА ФОНТАНА ВО РИМ
 
1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ИЗВАДЕНИ ОД НАЈПОЗНАТАТА ФОНТАНА ВО РИМ
21.04.2017, 12:30:22
 
 
 

Вистинско богатство е извадено од познатата фонтана Ди Треви во Рим. Италијанските власти изброија 1,4 милиони еврa во монети, кои туристите ги фрлиле минатата година.

.

Собраните пари од барокната фонтана ќе бидат наменети во добротворни цели за сиромашните граѓани.

Фонтаната датира од 1762-та и е едно од омилените места за туристите во вечниот град.

Традицијата налага посетителите со десната рака да фрлат паричка преку левото рамо и да си замислат желба.

Годинава фонтаната имаше поголема заработувачка отколку претходните две години, кога често беше затворана поради реставрација.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News