MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » БИДЕТЕ ИМ БЛАГОДАРНИ НА ПАРИТЕ АКО САКАТЕ ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ
 
БИДЕТЕ ИМ БЛАГОДАРНИ НА ПАРИТЕ АКО САКАТЕ ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ
21.04.2017, 12:21:22
 
 
 

"Ве сакам и посакувам да имав повеќе од вас"

Жената која тројно го зголеми својот приход само неколку месеци откако се бореше да си ги плати сметките вели дека тајната за нејзиниот финансиски успех лежи во пишување на "благодарни" писма до вашите пари, пренесува Independent.

Jen Sincero, авторот на новата книга од жанрот "како да заштедите и да заработите повеќе пари" вели дека промисленоста и благодарноста се клучни за богатење.

.

"Благодарноста е тоа што го полни емоционалниот резервоар кој ви помага да се справите со сè", изјавила таа.

Ако сте во потрага да направите повеќе пари, Синцеро инсистира дека првиот чекор кој треба да го направите е да започнете да пишувате дневник во кој ќе го искажувате благодарството за вашите пари. 

Тука, вели таа, треба да напишете најмалку пет неверојатни нешта кои ви ги овозможиле вашите пари секој ден. Од авионски билети до ручек, па дури и најосновните работи, како вода пред тренинг или нов пар на чорапи ќе ви помогне да го цените она што го имате, а со тоа и посвесно да го трошите. 

Слично на тоа, таа сугерира дека треба да им пишувате писма на вашите пари полни со благодарност за да ги отстраните негативните, лоши вибрации и да го насочите мозокот кон позитивни мисли за парите па на тој начин и ќе ги привлечете. 

"Напишете сè што чувствувате за парите - "Ве сакам", "Сакам да имам повеќе од вас", "Ви верувам""

Но, не е доволно само да им бидете благодарни, експертот вели дека многу е важно и да изградите емотивна врска со вашите пари, дури и доколку сметате дека ова е луда идеја. Можеби парите ве огорчиле, особено доколку сте во долгови, но ако погледнете подлабоко секогаш има нешто кое ви го овозможиле и го цените. Таа исто така советува дека треба да бидете повеќе свесни за неочекуваните начини на кои парите можат да дојдат до вас и колку е добро да можете да си ги доволите сите работи што ќе ги посакате. 

На тој начин ќе се чувствувате благодарни дури и кога премали суми на пари ќе се појавуваат во вашиот живот. Кога конечно ќе се најдете себе си во удобен простор со пари, експертката вели дека е во ред да се пофалите малку. "Среќна сум што имам пари да си го дозволам ова и ова" - дадете им признание, нема да ви се верува колку моќна алатка е ова. 

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News