MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ВАРДАРЦИ ПРИСТИГНАА ВО ГЕРМАНИЈА ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕСМЕТКА СО ФЛЕНЗБУРГ
 
ВАРДАРЦИ ПРИСТИГНАА ВО ГЕРМАНИЈА ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕСМЕТКА СО ФЛЕНЗБУРГ
21.04.2017, 11:22:45
 
 
 

Неочекувано, патот на екипата на Вардар кон Флензбург траеше подолго од очекувањата. Поради дефект на авионот, македонскиот тим речиси пола ден заглави на аеродромот во Виена. Она што е најважно е дека „црвено-црните"  стигнаа во Германија. 

.

И покрај тоа што избраниците на Раул Гонзалез цел ден го минаа во пат, сепак ќе имаат доволно време за одмор пред првата четвртфинална пресметка со Флензбург во рамките на Лигата на шампиони. 

„Нашите момци после долгиот пат стигнаа во Хамбург. Спремни сме за првиот натпревар од 1/4 финалниот дуел со екипата на Флензбург“, порачаа од таборот на Вардар на својата официјална страница.

Натпреварот Флензбург - Вардар на програмата е утре со почеток во 17.30 часот.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News