MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » КЛИВЛЕНД НАПРАВИ ПРЕСВРТ ЗА НБА ИСТОРИЈА
 
КЛИВЛЕНД НАПРАВИ ПРЕСВРТ ЗА НБА ИСТОРИЈА
21.04.2017, 11:06:22
 
 
 

Кошаркарите на Кливленд, изминатат ноќ испишаа историја во НБА лигата, откако победија кај Индијана, иако во еден момент беа во негатива од 26 поени. Леброн Џејмс со трипл-дабл го предводеше тимот до третата победа во четвртфиналната серија против Индијана.

Кливленд, изминатата ноќ, успеа да оствари нешто што претходно не го направил ниту еден тим во историјата на НБА лигата, победи на гостински терен иако во еден момент заостануваше 26 поени.

.

Кливленд победи во Индијанаполис 119:114. а Леброн Џејмс забележа трипл-данл (41 поен, 13 скокови, 12 асистенции). Џејмс го запиша 17-от трипл-дабл во кариерата, кога се работи за плајофот и на вечната листа се израмни со Меџик Џонсон.

Џејмс 28 поени постигна во второто полувреме, тој беше толку доминантен на теренот што во последната четвртина на клупата ги остави кајри Ирвинг и кевин Лав.

Индијана ја пропушти последната шанса да напарави изненадување во првото плејоф коло. Пејсерси беа предводени од пол Џорџ (36 поени, 15 скокови, 9 асистенции).

Четвртиот натпревар се игра в недела, а домаќин повоторно ќе биде Индијана.

На другите два натпревари: Милвоки го декласира Торонто 104:77 и во серијата води со 2-1, додека Мемфис го победи Сан Антонио 105:94 и го намали резултатот на 2-1.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News