MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ЕВА ГО ПРИВЛЕКУВА ЦЕЛО ВНИМАНИЕ
 
ЕВА ГО ПРИВЛЕКУВА ЦЕЛО ВНИМАНИЕ
21.04.2017, 10:02:00
 
 
 

Таа нема манекенска фигура, километарски нозе, ниту задник без трошка целулит, но каде и да се појави луѓето не можат да го тргнат погледот од неа. Харизматичната актерка Ева Лонгорија (42) со сопругот одмара на Хаваи и на сите ни покажа една важна лекција.


 

.

Кога сте задоволни, исполнети и знаете како да уживате во животот, сите несовршености во изгледот не се важни. Најпривлечната жена на плажа не е онаа без трошка целулит, туку во овој случај Ева Лонгорија кога со својата појава ги привлекува погледите како магнет.


Таа е опуштена, секси и во најдобрите години, бидејќи знае да ги цени сите свои квалитети. Нејзината линија можеби не е иста како онаа која ја паметиме од серијата „Очајни домаќинки“, но Ева подеднакво зрачи со сексапил и убавина!


Минатата година холивудската актерка ја крунисала љубовта со партнерот Хосе Бастон, а на Хаваите моментално го прославуваат неговиот 49-ти роденден.


Вака изгледа среќната и задоволна жена. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News