MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » ТУЖБА ЗА ПРОНЕВЕРА НА 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
 
ТУЖБА ЗА ПРОНЕВЕРА НА 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
20.04.2017, 16:15:00
 
 
 

Американската правосудна организација „Џудишал воч“ поднесе тужба до Федерален суд против Стејт Департментот и УСАИД за проневера на околу пет милиони долари од американскиот буџет финансирани од Фондацијата Отворено општетсво на Џорџ Сорос во Македонија. Со парите од 2012-та до 2016-та биле финансирани лево-ориентирани невладини организации за соборување на македонската влада, пренесе МРТВ.
  

 

.

Правосудната организација за контрола на проневери „Џудишал воч„ покрена тужба против Стејт Департментот и УСАИД за да ги добие документите што покажуваат дека речиси 5 милиони долари од американските даночни обврзници биле дадени на македонската гранка на Џорџ Сорос фондацијата Отворено општество. Тужбата е покрената вчера откако Стејт Департментот и УСАИД не одговориле на барањето од 16-ти фебруари за грантовите дадени на фондацијата на Сорос во Македонија. „Џудишал воч„ побара документи за политичките активности со Отворено општество и од американскиот амбасадор Џес Бејли наименуван од поранешниот претседател Барак Обама. На сајтот на УСАИД наведено е  дека од 27 фебруари 2012-та до 31 август 2016-та, 4,8 милиони долари биле дадени на фондацијата Отворено општество Македонија за обука на младите Македонци на тема за слобода на здружување, политика на младите, граѓански иницијативи, јавни настапи и користење на нови медиуми.

„Џудишал воч ја истражува операцијата на Џорџ Сорос. Денеска поднесовме федерална тужба против финансирањето на речиси 5 милиони долари од страна на администрацијата на Барак Обама на една од подружниците на Џорџ Сорос во Европа, поточно во Македонија, каде неговата сојузничка група турка да ја симне од власт тамошната конзервативна влада со типично организирање на заедницата. Зошто доларите од даноците одат за политичката организација на овој милијардер, е нешто што сакаме да го дознаеме и затоа сега сме во федерален суд“, изајви Том Фитон, претседател на „Џудишал воч“.

Портпаролот на Стејт Департментот изјавил за американската телевизија „Фокс“ дека Департментот не коментира работи под истрага. Од УСАИД за „Фокс“ изјавиле дека фондацијата Отворено општество во Македонија помогнала за зацврстување на здравството, образованието, активизмот во заедниците и новинарството во земјата , честотопати во соработка со Европаката Унија, американската и македонската влада.

Американски конгресмени и сенатори на почетокот на годинава побараа одговори за активностите на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли за финансирањето на проекти на Сорос. Конгресмените побараа и американски контролор да спроведе истрага за американската амбасада во Македонија. „Џудишал воч“ по својата истрага заклучува дека американската амбасада во Македонија со мешањето во македонската внатрешна политика ја прекршила Виенската Конвенција за дипломатски односи.

Случајно ли не, по вторпат кога има новини за истрагата против американската амбасада во Македонија, македонскиот сервис на Гласот на Америка излегува со изјава од Стејт Департментот за ситуацијата во Македонија.

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News