MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » МАРИНЕРС И НЕЧЕВСКИ СЕ СОГЛАСИЈА ДА ЈА ПРЕКИНАТ СОРАБОТКАТА
 
МАРИНЕРС И НЕЧЕВСКИ СЕ СОГЛАСИЈА ДА ЈА ПРЕКИНАТ СОРАБОТКАТА
20.04.2017, 11:39:44
 
 
 

Во многу краток временски период Централ Кост Маринерс го изгубија и вториот голман при што договорот со Иван Нечевски беше раскинат со взаемна согласност.

.

Нечевски потпиша едногодишен договор со клубот од Госфорд во Јуни 2016.

37 годишниот голман – кој исто така бранеше за Сиднеј ФК во Хјундаи А Лигата – се појави во седум натпревари за Маринерс во сезоната 2016/17 .

Сето ова се случи само еден ден подоцна откако клубот го ослободи и младиот голман Пол Изо, кој потпиша со Аделаид Јунајтед.

Централ Кост Маринерс изјавија дека му се заблагодаруваат на Иван за неговиот придонес кон клубот и му посакуваат се најдобро во понатамошните потфати.  

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News