MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ЈУВЕНТУС И МОНАКО ИМ СЕ ПРИДРУЖИЈА НА РЕАЛ И АТЛЕТИКО ВО ПОЛУФИНАЛЕТО
 
ЈУВЕНТУС И МОНАКО ИМ СЕ ПРИДРУЖИЈА НА РЕАЛ И АТЛЕТИКО ВО ПОЛУФИНАЛЕТО
20.04.2017, 11:12:22
 
 
 

Јувентус патува во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако успеа да одигра реми без голови на „Камп Ноу“ против Барселона. Најавите на Лионел Меси и другарите дека ќе направат ново чудо и дека барем три пати ќе ја тресат мрежата на Џанлуиџи Буфон, не се остварија. Тимот на Масимилијано Алегри имаше потполна контрола на играта и на резултатот.

Каталонците немаа идеја како да ја пробијат одбраната на Јувентус. Се обидуваше Меси, но без ефект, солираше Нејмар, ’глумеше’ Суарез, но се беше попусто.

.

Јувентус одигра активен натпревар, дури и беше поопасен кон голот на Тер Штеген. Огромната предност (0-3) од првиот меч апсолутно не беше загрозена во текот на реваншот, па италијанскиот тим заслужено обезбеди пласман во полуфиналето на елитното европско клупско натпреварување.

Место во полуфиналето обезбеди и Монако кој и дома славеше против Борусија Дортмунд овојпат со 3-1.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News