MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ КАЖА ДА ЗА ИЗБОРИ ВО ЈУНИ
 
БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ КАЖА ДА ЗА ИЗБОРИ ВО ЈУНИ
20.04.2017, 10:02:00
 
 
 

Британскиот Парламент  со големо мнозинство го поддржаа предлогот на премиерката Тереза Меј да се распишат вонредни избори за 8 јуни. Вонредните избори ги поддржаа 522 пратеници, додека 13 беа против, пренесуваат британските медиуми.

 

.

Меј во Парламентот го бранеше предлогот со тоа дека ќе се зајакне позицијата на владата во преговорите за излегувањето на земјата од Европската унија.

-Брегзит не е само писмото во кое се вели дека сакаме да си заминеме… тука станува збор за тоа да се добие вистинскиот договор од Европа, рече Меј.

Нејзината одлука дојде како изненадување бидејќи за неа консултирани биле само министерот за напуштање на ЕУ Давид Дејвис и министерот за финансии Филип Хамонд. Останатите одлуката за избори ја дознале само неколку минути пред Меј да им ја соопшти на медиумите.

Според последните анкети Конзервативната партија има подршка од 44 проценти, што претставува уверлива предност пред опозициските Лабуристи со 23 отсто поддршка. Медиумите оценуваат дека ваквиот рејтинг бил единствениот мотив на Меј за предвремените избори и убеденоста во нејзината  партија дека на изборите ќе ги прегазат лабуристите.

Редовните британски избори треба да се одржат во 2020 година, една година по планираното завршување на двегодишните преговори за Брегзит.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News