MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » НОВ ЗЕЛАНД БАРА ВИСОКО КВАЛИФИКУВАНИ МИГРАНТИ
 
НОВ ЗЕЛАНД БАРА ВИСОКО КВАЛИФИКУВАНИ МИГРАНТИ
20.04.2017, 10:04:00
 
 
 

Нов Зеланд планира да воведе горна граница на платите на работниците што бараат постојан престој, со цел да се намали бројот на имигрантите и да се привлечат висококвалификувани работници, објави владата еден ден подоцна откако Австралија најави построги имиграциски правила.


Според новите правила, за работник со повисоки квалификации да добие дозвола за престој, ќе треба да има понуда за позиција со најмалку просечна новозеландска плата, рече Мајкл Вудхаус министерот за имиграција.

Владата сака да вработува првенствено свои граѓани

Владата во вработувањето сака да им даде предност на Новозеланѓани, иако тоа не е секогаш можно, рече тој.

„Важно е да привлечеме вистинските луѓе, со вистински вештини за пополнување на работните места за кои навистина има недостиг од квалификувани работници, се со цел да придонесеме во растот на нашата економија“, рече тој.

Австралија, исто така, вчера најави планови за укинување на визите за привремени странски работници и воведување на построги правила за имиграција.

Дозвола за престој со понуда за добро платена работа

Дозвола за престој во Нов Зеланд ќе можат да бараат и работници кои имаат добро платени понуди за работа но кои не се сметаат за квалификувани, под услов понудените плати да се 1,5 пати поголеми од просечната заработувачка, рече Вудхаус.

 

.

Просечната годишна плата во Нов Зеланд изнесува 48.859 новозеландски долари (околу 2 милиони денари).

Максимално тригодишно траење на визата за привремен престој за мигрантите со пониски квалификации

Предлогот, кој треба да се реализира во текот на оваа година, предвидува максимално тригодишно траење на визата за привремен престој на мигрантите со пониски квалификации, како и ограничување за приклучување на нивните семејства.

Ова е со цел да им се даде приоритет на подобро платените и поквалификуваните мигранти, соопшти владата.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News