MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » КАКО КОРТНИ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ
 
КАКО КОРТНИ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ
20.04.2017, 10:02:00
 
 
 

Славната Кардашијанка по повод својот роденден, соблекла се` од себе и гола позирала во вода. Фотографијата ја објавила на својот профил на Инстаграм, а истата за само половина час и` донела 200.000 лајкови.
 

.

Кортни Кардашијан можеби е најстарата сестра во семејството, но тоа не значи дека заостанува зад Ким и Клои, барем што се однесува до голотијата и провокативните фотографии кои ги објавува.

Имено, славната ријалити ѕвезда по повод својот 38-ми роденден соблекла се` од себе и позирала во водата. Фотографијата ја споделила на својот профил на Инстаграм, а за само половина час добила 200.000 лајкови и многу комплименти за својот изглед.

Роденденот на социјалните мрежи и` го честитале и нејзината мајка Крис Џенер, како и сестрата Клои.

Ријалити ѕвездата има три деца со Скот Дисик – синовите Мејсон (7) и Реин (2) и ќерката Пенелопе (4).
   

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News