MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ПО ПЕТТИ ПАТ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈУБАВА ЖЕНА НА СВЕТОТ
 
ПО ПЕТТИ ПАТ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈУБАВА ЖЕНА НА СВЕТОТ
20.04.2017, 09:59:00
 
 
 

Актерката Џулија Робертс беше избрана за најубавата жена во светот од списанието. „People“ по рекорден петти пат, соопштија американските медиуми.julia-

Таа ја предводеше листата во 2010-та, 2005-та, 2000-та и 1991 година.

„Поминаа 26 години откако Џулија Робертс за прв пат се појави на насловната страница на списанието „People“ во бројот посветен на листата на „Најубавите во светот“, пишува списанието на својата интернет страница. „Таа останува нашата омилена убавица“, додаваат оттаму.

 

.

Џулија Робертс, која ја освои наградата „Оскар“ за филмот „Ерин Брокович“, рече дека е „многу почестена“.

Годишната листа „Најубавите во светот“ на списанието „People“ ќе излезе по 28-ми пат во овонеделниот број, кој ќе биде достапен во петок.

Минатата година, за најубава жена во светот списанието ја одбра актерката Џенифер Анистон.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News