MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » ПРЕМИЕРКАТА НА БРИТАНИЈА БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
 
ПРЕМИЕРКАТА НА БРИТАНИЈА БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
19.04.2017, 10:02:00
 
 
 

Британскaта премиерка Тереза Меј, денеска соопшти дека ќе бара предвремени избори на 8-ми јуни.

 

.

Три недели откако официјално започна процесот за излез на Велика Британија од Европската Унија, Меј рече дека опозициските партии се закануваат дека ќе ја попречат постапката и дека не постои заедништво во парламентот.

„Поделбата во Вестминстер ќе ја ризикува нашата способност за успешен Брегзит и тоа ќе предизвика штетна несигурност и нестабилност во земјата, па затоа, потребни се нови општи избори, и тоа веднаш“, рече Меј.

Распишувањето нови избори мора да биде одобрено од Долниот дом на парламентот.

Џереми Корбин, лидер на опозиционата Лабуристичка партија, ја поздрави најавата на премиерката, велејќи дека тоа „на британскиот народ ќе му даде можност да гласа за влада која интересите на мнозинството ќе ги стави во прв план“.

 

 

 

 

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News