MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ЏЕТС ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ЧИЛЕАНСКИ КЛУБ ВО ЈУЛИ
 
ЏЕТС ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ЧИЛЕАНСКИ КЛУБ ВО ЈУЛИ
18.04.2017, 11:24:33
 
 
 

Клубот од Хјундаи А лигата, Њукасал Џетс ќе имаат средба со четирикратниот шампион од чилеанската лига Аудакс Италиано во Јули оваа година во рамки на меѓународните пре-сезонски пријателски натпревари на МекДоналд Џонс стадионот.    

.

Овозможено од Вижон МАКС, Аудакс Италиано ќе се соочат со Џетс на премиерниот спортски регион во сабота на 8ми Јули во 7:00.

Аудакс Италиано се чилеански фудбалски клуб со седиште во Флорида се основани во 1910 и денес се познати како еден од премиерните клубови во развој на Јужно Американската нација.

Аудакс Италиано во моментов се натпреваруваат во Клаусура Чилеанската Премиер Девизија за 2016/17 која завршува кон средината на Мај.

Апертура кампањата од Чилеанската Премиер Девизија за 2017/18 сезона ќе започне пак кон крајот на Јули што значи дека натпреварот кој престои со Џетс ќе послужи како подготовка и на двата тима за нивните клучни сезони.

Главниот извршен директор на Њукасал Џетс, Лори МекКина заедно со сопственикот на клубот, Мартин Ли и директорот на Вижон МАКС, Виктор Вајвс, го посетија Чиле во Март ова година за време на мисијата која ја одржаа за формирање на меѓународни пријателства.

‘’ Овој натпревар ќе се одржи на крајот на втората недела од нашата пред-сезона, и со сигурност ќе им овозможи на нашите членови и фанови да бидат сведоци на натпревар каде што нашите нови регрути ќе можат да се натпреваруваат против квалитетен противник ’’ изјави МекКина за медиумите.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News