MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » МАЈКЛ КЕЈН ВЕЛИ ДЕКА ДЕНОВИТЕ МУ СЕ ОДБРОЈАНИ
 
МАЈКЛ КЕЈН ВЕЛИ ДЕКА ДЕНОВИТЕ МУ СЕ ОДБРОЈАНИ
21.03.2017, 00:56:00
 
 
 

Актерот Мајкл Кејн ги сподели своите стравови од смртта и изјави дека му е познато дека деновите му се одбројани. 84-годишниот актер, кој боледува од рак, раскажа пред неделното издание на „Сан“ за сите мерки кои ги презема за да се обиде да се спротивстави на болеста. Во моментов здравствената состојба на Кејн се подобрува и тој симнал неколку килограми. Тој го намалил алкохолот и целосно престанал со внесување на шеќер, сол и храна со глутен.

 

.

Носителот на „Оскар“, кој има импресивна над 50-годишна филмска кариера, објаснува дека неговата најголема желба е да види како внуците му растат.

„Знам дека моите денови се одбројани и тоа е мојот најголем страв“, рече тој. „Морав да престанам да пијам алкохол и секогаш го барам она што е најдобро што можам да го направам против ракот, да јадам нешто или да направам нешто или пак да не направам нешто. Веројатно ќе се онесвестам додека ви зборувам, но знаете јас намалив 13 кг, само затоа што сакав да ги видам внуците. Тие се близнаци на 6 и момче на 7“.

Шакира, 70-годишната сопруга на актерот, е цврсто до него и му помогнала многу да се ослободи од навиката да пие.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News