MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ТОНИ ЦЕТИНСКИ ПРОГОВОРИ ЗА ТРЕТИОТ БРАК
 
ТОНИ ЦЕТИНСКИ ПРОГОВОРИ ЗА ТРЕТИОТ БРАК
21.03.2017, 00:26:00
 
 
 

Хрватскиот пејач Тони Цетински за емисијата „Ексклузив“ откри што најмногу го привлекло кај сопругата Дубравка, која е 15 години помлада од него.

 

.

– Не се оженив со помлада девојка за да ги лечам комплексите на средовечните години. Не. Првенствено таа ме привлече со нејзината добрина, секако и изгледот, но најмногу затоа што ми внесе мир во животот, а тоа е нешто во што човек може само да ужива – рекол Цетински.

Тони и Дубравка ја започнаа нивната врска во 2013 година, а веќе истата година тој ја побара за жена. Се зедоа само месец дена по веридбата, во Лас Вегас.

Ова е трет брак за 47-годишниот пејач.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News