MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ЛИБЕРО БЕНД НОВИОТ СПОТ ЌЕ ГО СНИМААТ ВО ШПАНИЈА
 
ЛИБЕРО БЕНД НОВИОТ СПОТ ЌЕ ГО СНИМААТ ВО ШПАНИЈА
21.03.2017, 09:04:00
 
 
 

При крајот на минатата година, со промоцијата на песната „Твој сум“, односно „Твој сам“, момците од Либеро, најавија интересна 2017 година.

.

Нова песна се очекува да биде промовирана наскоро, повторно со спот, но овој пат момците од бендот решија да го снимаат во Шпанија.

Тие наскоро патуваат во Љорет Де Мар, каде за Велигден ќе имаат настап.

- За Велигден сме во Шпанија, каде по покана на една агенција, ќе имаме настап пред млади од Македонија кои празниците ќе ги поминат во Лорет Де Мар, а тоа ќе го искористиме да направиме и спот, кој ќе биде промовиран после нашето враќање од таму, велат момците од бендот.

Додека го очекуваме новитетот од „Либеро“, уживајте во последната промовирана песна, која поминува со одлична гледаност на каналот „YouTube“.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News