MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » БРИТАНИЈА ЌЕ ГО ПОЧНЕ ПРОЦЕСОТ НА ИЗЛЕЗ ОД ЕУ
 
БРИТАНИЈА ЌЕ ГО ПОЧНЕ ПРОЦЕСОТ НА ИЗЛЕЗ ОД ЕУ
20.03.2017, 16:00:00
 
 
 

Британија соопшти дека ќе иницира процес за напуштање на Европската унија на 29 март, следејќи ги резултати од минатогодишниот референдум на кој гласачите се изјаснија за напуштање на сојузот во кој има 28 земји членки. 

.

Портпаролот на премиерката Тереза Меј денеска соопшти дека британската влада ја информирала канцеларијата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск за интенцијата да се повикаат на членот 50 од Лисабонскиот договор со кој формално ќе се забележи намерата за напуштање на ЕУ. Како одговор на ова Туск рече дека ќе им го претстави на останатите земји членки на Унијата нацртот за преговори во рок од 48 часа откако формално ќе биде активиран членот 50. Преговорите за условите за излегувањето на Британија од ЕУ и за тоа како двете земји ќе се справат потоа со односите мора да бидат завршени за две години.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News