MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ЏОЛИ ГО ПОСВОИЛА МЕДОКС СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ
 
ЏОЛИ ГО ПОСВОИЛА МЕДОКС СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ
20.03.2017, 16:00:00
 
 
 

Директорот на Камбоџанска добротворна организација тврди дека дал лажна информација во документите за посвојување на Медокс, синот на актерката Анџелина Џоли, за да биде олеснет процесот, соопшти Контактмјузик.

 

.

Докази дека актерката знаела за тоа, сепак нема.

Анџелина Џоли го посвои Медокс во 2003 година. Моунх Сарат, кој има 51 години, тврди дека потпишал документи во кои се навел како татко на момчето, за да може да се забрза процесот и да има локална адреса во нив, како што се бара.

„Според судските документи Медокс уште е мој син. Таа така и не ги поправи работите“, рече Сарат кој ги расипал односите со холвудската ѕвезда.

Посвојувањето на Медокс е договорено од Лорин Галиндо, која подоцна е уапсена за фалсификување на имиња, дати на раѓање и места на раѓање на деца од Камбоџа, за кои има наоѓано американски домови.

Анџелина Џоли раскажала дека темелно проверувала, за да се увери дека мајката на Медокс не е жива, бидејќи „никогаш не би украла дете на некоја жена“.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News