MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ЏЕТС ИГРААТ ВО КИНА ВО ЈУЛИ
 
ЏЕТС ИГРААТ ВО КИНА ВО ЈУЛИ
20.03.2017, 12:09:33
 
 
 

Младата селекција на Њукасакл Џетс ќе бидат дел од меѓународниот турнир во јули кога тимот ќе отпатува во провинцијата Шандонг во Кина за да учествуваат во Ваифанг Купот.

Ваифанг Купот е меѓународен младински турнир во фудбал основан во 2006 на кој редовно се среќаваат тимови во развој од најдобрите клубови и фудбалски нации од целиот свет.

.

Помеѓу 23 и 29 јули оваа година игрчи од тимот на ПС4 Националната Премиер Лига во комбинација со Новите членови од системот на Џетс ќе отпатуваат за Кина да одолеат на предизвиците на ФК Токио (Јапонија), Чивас Гвадалахара (Мексико), Оденс Болдклаб (Данска) и ВфЛ Волсфсбург (Германија).

Всушност, осум од 18 тима ќе бидат поделени во две групи да играат во кружен формат, каде што првите две од секоја група ќе играат меѓусебно за пласман од прво до четврто место, а екипите од дното ќе играат за плсман од петтото до осмото место.

Вака поставениот формат на Џетс им гарантира пет добри натпревари со тимови од различни фудбалски земји и култури.

‘’ Исклучиво сме горди што бевме повикани да учествуваме на Ваифанг првенството во 2017 година, кое е признато од ФИФА и одобрено од Фудбалската Конфедерација на Азија ’’

‘’ Минатата година светскиот гигант Реал Мадрид учествуваше во Ваифанг Купот кој само ја потврди висината и ценетоста на турнирот ’’ изјави за медиумите Главниот Извршен Директор на Џетс, Лори МекКина.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News