MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ДЕНЕС Е МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СРЕЌАТА, АВСТРАЛИЈА ПОМЕЃУ ДЕСЕТТЕ НАЈСРЕЌНИ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ
 
ДЕНЕС Е МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СРЕЌАТА, АВСТРАЛИЈА ПОМЕЃУ ДЕСЕТТЕ НАЈСРЕЌНИ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ
20.03.2017, 11:39:22
 
 
 

“Среќни земји се оние кои се радуваат на здрав баланс помеѓу просперитет и социјален капитал , што значи висок степен на доверба во општеството, низок степен на нееднаквост и доверба во владата “.

Меѓународниот ден на среќата се одбележува на 20 март согласно резолуција на Генералното собрание на ОН од 28 јуни 2012 година, во која се тврди дека стремежот кон среќа и благосостојба е фундаментална цел на човештвотo .

.

Извештајот за среќата во светот на ОН покажува дека Норвешка е најсреќната земја во светот , поместувајќи ја Данска. Скандинавските земји се најзадоволни од животот во светот, пренесува “Ројтерс”.

Во спротивно, земјите од суб-сахарска Африка, заедно со Сирија и Јемен, се најмалку среќните од вкупно 155 земји.

“Среќните земји се оние кои се радуваат на здрав баланс помеѓу просперитет и социјален капитал , што значи висок степен на доверба во општеството, низок степен на нееднаквост и доверба во владата “, коментира Џефри Сакс, кој е директор на службата,која го подготви извештајот и специјален советник на генералниот секретар на ОН.

Данска, Исланд, Швајцарија, Финска, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Шведска ја дополнуваат првата десетка на најсреќните земји во светот.

Јужен Судан, Либерија, Гвинеја, Того, Руанда, Танзанија, Бурунди и Централноафриканската република се на дното на листата.

Германија е рангирана на 16 место, проследено со Велика Британија на 19-то место и Франција на 31 место. САД се на 14 место.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News