MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » РОДИТЕЛСТВОТО ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ ЗА СКОРО ДВЕ ГОДИНИ
 
РОДИТЕЛСТВОТО ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ ЗА СКОРО ДВЕ ГОДИНИ
20.03.2017, 11:37:33
 
 
 

Ако го преживеат перманентниот недостаток на спиење, негативните испади на малите деца, тинејџерските грижи и сите останати несреќи при одгледувањето на деца, тогаш родителите ќе бидат наградени со подолг живот, во споредба со оние врсници, кои немаат деца. Или барем така тврдат шведски научници.

.

Нешто повеќе – должината на животот кај татковците е за три месеци поголема отколку кај мајките, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во „Журнал за епидемиологија и јавно здравство“. Од собраните податоци научниците откриле дека луѓето кои имаат деца можат да имаат корист од цели 2 години повеќе живот.

За да стигнат до овие необични резултати истражувачите го провериле времетраењето на животот на мажите и жените родени меѓу 1911 и 1925 година и кои живеат во Шведска – повеќе од 1,4 милиони луѓе вкупно. Тие собрале и информации за нивниот социјален статус и присуството на потомците.

Екипата признава дека не може да најде конкретен одговор на прашањето на кој начин родителството е поврзано со должината на животот, но нуди неколку теории. Според една од нив одгледувањето на деца и одржување на среќен брак ги тера луѓето да се откажат од многу од штетните навики и ги стимулира да водат здрав и продуктивен начин на живот. Покрај тоа родителите ја имаат социјалната и финансиска поддршка на наследниците по пензија, што им обезбедува полесен пристап до услуги, лекови, грижа и др.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News