MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ДЕЈАН НЕДЕВ СО ЗЛАТО СЕ ВРАЌА ОД АВСТРИЈА
 
ДЕЈАН НЕДЕВ СО ЗЛАТО СЕ ВРАЌА ОД АВСТРИЈА
20.03.2017, 10:02:22
 
 
 

Најдобриот македонски натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев освои златен медал во кати за сениори на Европскиот Фудокан Карате Куп „Дунав 2017“ во Виена, Австрија.

.

Медали освоија и македонските каратисти во помладите категории. Иван Трпковски освои 3 златни медали во категориите: ката, кихон и кихон ипон кумите за деца до 10 год.

По еден бронзен медал освоија Ведран Андоновски, Димири Влахо и Гоце Гроздан во кати односно во јиу ипон кумите за деца од 12-14 год.

На ЕК во Австрија учество земаа над 160 каратисти од 14 Европски земји.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News