MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ФЕДЕРЕР ГО ОСВОИ ИНДИЈАН ВЕЛС, ВЕСНИНА НАЈДОБРА КАЈ ДАМИТЕ
 
ФЕДЕРЕР ГО ОСВОИ ИНДИЈАН ВЕЛС, ВЕСНИНА НАЈДОБРА КАЈ ДАМИТЕ
20.03.2017, 09:51:33
 
 
 

Во швајцарското финале на Индијан Велс, Роџер Федерер го победи Стен Вавринка со 2-0 во сетови и го освои големиот мастерс пехар.

.

По Австралија Опен, Роџер Федерер освои уште еден голем турнир, мастерсот во Индијан Велс. Швајцарецот уште еднаш ја покажа својата класа.

Во финалето противник му беше неговиот сонародник Стен Вавринка. По одличната партија против Надал, Федерер беше на највисоко ниво и во вчерашното финале и дојде до победата.

Првиот сет го доби со 6-4, во вториот беше поуспешен со 7-5 по што можеше да почне големото славје.

Федерер оваа година игра во голема форма, помалку и изненадувачка со оглед на староста која треба да биде проблем, но очигледно дека се уште не е.

Претходно кај дамите руската тенисерка Елена Веснина  го доби финалето против сонародничката Светлана Кузнецова. Финалето кое траеше три часа заврши со 2-1 за Веснина, по сетови 6:7, 7:5 и 6:4.

За Веснина ова е најголемиот успех во нејзината кариера и највредна титула од ВТА турнирите. 

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News