MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » РАКОМЕТАРКИТЕ ДО 19 ГОДИНИ СЕ ПЛАСИРАА НА ЕВРОПСКОТО ВО СЛОВЕНИЈА
 
РАКОМЕТАРКИТЕ ДО 19 ГОДИНИ СЕ ПЛАСИРАА НА ЕВРОПСКОТО ВО СЛОВЕНИЈА
19.03.2017, 21:30:22
 
 
 

Женската јуниорска репрезентација на Македонија обезбеди пласман ЕП 2017 во Словенија за ракометарки до 19 години. Во последниот решавачки од квалификациите што се играа викендов во Скопје, Македонија славеше против Фарски Острови со 23-19 и го осигура второто место во групата што носи пласман на европското првенство.

.

Македонските јуниорки вчеар беа убедливи против Молдавија, а со втората победа против Фарски Острови денeска стигнаа до посакуваната цел да настапaт во завршницата на ЕП во Словенија.

Покрај Македонија, пласман на ЕП од оваа квалификациска  група обезбеди и селекцијата на Унгарија која супериорно го освои првото место со максимални три победи. Во последниот меч од групата, Унгарките ја победија Молдавија со неверојатни 65-20.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News