MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » СЕВЕРНА КОРЕЈА ТЕСТИРАШЕ НОВ РАКЕТЕН МОТОР
 
СЕВЕРНА КОРЕЈА ТЕСТИРАШЕ НОВ РАКЕТЕН МОТОР
19.03.2017, 12:32:00
 
 
 

Северна Кореја терстираше нов ракетен мотор, соопштија државните медиуми, а лидерот Ким Јонг Ун изјави дека пробата претставува „ново раѓање“ на ракетната индустија на земјата.

 

.

Објавувањето на 19 март доаѓа откако државниот секретар на САД Рекс Тилерсон имаше средби со официјални претставници во Пекинг. Пред тестот, тој предупреди дека регионалните тензии се на опосно ниво.

Државната агенција КЦНА соопшти дека севернокорејскиот лидер Ким го надгледувал тестот на ракетниот мотор, со чија помош земјата ќе достигне капацитет за лансирање сателит.

Експерти велат оти коментарите укажуваат дека тестот најверојатно е нов тип на мотори за проектили со голем дострел.

На турнејата во Источна Азија на државниот секретар Тилерсон, во која беа вклучени и посети на Јапонија и Јужна Кореја, доминираше загриженоста во врска со Северна Кореја и заканите од нејзините програми за нуклеарни и балистички ракети. Ден претходно, Тилерсен рече дека воена акција е „опција на маса“ од заканата од Пјонгјанг. Во меѓувреме, претседателот на САД Доналд Трамп на Твитер напиша дека Северна Кореја се однесува многу лошо.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News