MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО СИДНЕЈ СО ПОРАКА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ
 
МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО СИДНЕЈ СО ПОРАКА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ
19.03.2017, 12:32:00
 
 
 

Порака од Македонската Заедница во Сиднеј до сите политичари инволвирани во политичката криза во Македонија!

 

.

Ние Македонците од Сиднеј Австралија се собравме денес да ја дадеме нашата поддршка за Заедничка Македонија!

Иако сме 20,000 км оддалечени од нашата родна грутка Македонија, ние Македонците од Сиднеј Австралија будно ја следиме политичката ситуација и сме длабоко загрижени за нејзината иднина.

Две илјади години не распнуваат, не бришат, не делат и не бркаат во туѓи земји, но во нашите срца непрестано гори љубовта за Македонија. Каде и да сме расеани во Светот со мислите сме во родната земја, земјата на нашите браќа, сестри, татковци, дедовци и предедовци кои ги дале своите животи за Македонија.

Македонија е библиска земја запишана во Библијата од Бога и никој нема право да ја отпишува, да се пазари за нејзиното име, нејзината химна, нејзиниот јазик и знаме. Никој нема право да ја федерализира и распарчува.

Ние ја поддржуваме иницијативата „За заедничка Македонија“ и сме против „тиранската платформа“, воведување на двојазичноста, федерализација, промена на Уставот, знамето и химната. Ние не сме против другите народи што живеат во Македонија и ги повикуваме и тие да се приклучат во одбрана на она што ни го оставиле нашите татковци.
А тоа е она, парче земја за кое се пролеа реки крв, тоа е земјата на Александар Македонски, на Цар Самоил, на Карпош војвода, на Даме, Питу, Гоце, Јане, тоа е земјата на Рацин, на Кузман на Ченто на Македонските бранители тоа е нашата Македонија.

Им порачуваме на сите политичари, браќа и сестри кои  се заведени од политичкото слепило и некаква идеја за подобар живот доколку се прифати тиранската платформа, да се разбудат и освестат зашто нашите деца, нашите поколенија ќе немаат свое парче на земја, и ќе бидат слуги во својата сопствена земја.

Им порачуваме на сите странски политичари кои имаат за цел да ја распаднат Македонија, да ги тргнат рацете од оваа од века за нив посакувана земја зашто тука живее народ кој нема да потклекне на сите притисоци и ќе се бориме до последна капка крв. Македонија ќе постои додека има Македонци каде и да сме расеани по светот.

Ги повикуваме двете најголеми македонски партии да седнат на тркалезна маса и да ги решат сите меѓусебни недоразбирања.

Да се зачува унитарноста на државата и да престанат пазарењата со Македонија.

Македонија на Македонците!
Да е Вечна Македонија!
Добро вечер браќа и сестри,

Јас сум Влатко Неделкоски еден од организаторите на овој собир. А организатори сме сите ние кои ја сакаме Македонија и кои вечерва дојдовме да ја искажеме нашата љубов за Македонија. Ме радува што вечерва сме сите заедно од различни друштва и организации, сплотени заедно кога се работи за судбината на Македонија. Нека Овој собир биде почеток на нашето обединување како заедница и оваа иницијатива да зајакне и продолжи и прерасне во уште помасовен собир и уште поорганизирана македонска заедница, рече Неделковски.

На собирот имаше неколку обраќања од претставници на македонската заедница за ново настанатата ситуација во Македонија и тоа од страна на Душан Ристески претседателот на литературното друштво Глигор Прличев, Јим Стефан претседател на светскиот македонски конгрес и претставник на ФК Илинден, Др Владимир Стрезов добитник на златен медал за заслуги за Македонија, Г-ѓа Жаклина Михајлова, претседател на Македонскиот просветно училишен одбор за Нов Јужен Велс, Гоце Мургоски – Прилепско друштво, Љупчо Ангелески – Битолско друштво, Рубин - Демирхисарско друштво и Стојан - Мариовско друштво.

Наглас пред сите беше прочитан прогласот од овој собир кој што ќе биде испратен во Македонија.

 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News