MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » ВМРО И СДСМ СО СООПШТЕНИЈА ЗА АКТУЕЛНАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА
 
ВМРО И СДСМ СО СООПШТЕНИЈА ЗА АКТУЕЛНАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА
19.03.2017, 12:32:00
 
 
 

„Зијадин Села, човекот од кого зависи Парламентарно мнозинство на СДСМ и тиранската влада на Заев на изборите пред своите гласачи се обврза дека никогаш нема да се откаже Македонија да стане бинационална држава или во спротивност ќе бара федерализација на државата.

 

.

СДСМ и Зоран Заев одат по тенок мраз и не се откажуваат од Тиранската Платформа и упорно со тоа ја носат Македонија кон работ на бездна.

Истиот тој Зијадин Села го слушавме од изборен митинг во Гостивар како ветува дека ќе ги брка Македонците од работа, како технолошки вишок со што ќе ослободува места за Албанците од тој крај.
Веќе подолг период гледаме како Заев молчешкум ја одобрува агендата на Села само за да ги добие неговите три гласа во Собранието и покрај изјавите дека Села не ги признава македонското знаме и химна, но и дека македонската нација не постоела. Аболицираниот криминалец Зоран Заев заслепен од потребата за власт е спремен Македонците да ги продаде и да ги напраави кираџии во сопствената држава.

Уценетиот криминалец Зоран Заев ќе остане запамтен во историјата како човек кој од лукративни мотиви ја иницираше дебатата за овие прашања и ги стави на маса највисоките државни и национални интереси.

Аболицираниот Зоран Заев водејќи се од жедта за власт и пари ја распродава Македонија.

Заев и криминогеното раководство на СДСМ со цел да му се додворат на радикалот Села го активираа и Питер Ванхауте, човекот кој што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ, под маската на дипломат. Сега и тој отворено зборува за редефинирање на Република Македонија.

Албанската пратеничка, Месила Дода јавно пред сите се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида.

Аболицираниот Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ ниту еднаш не ги осудија овие изјави на Села и Дода. Молчеа и сеуште молчат. Исто како што не ги осудија и изјавите на Трифун Костовски кој што им го одзеде правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјава.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.

Доколку сепак Заев толку ја почитува Платформата од Тирана нека излезе со неа на избори како своја предизборна програма со која ќе ја бара поддршката од граѓаните“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Програмата на новата реформска Влада ги гарантира унитарноста на Македонија и владеењето на правото и носи мерки за вистинските проблеми на граѓаните. Овој документ е видлив за сите, и за домашната и за меѓународната јавност, освен за Никола Груевски и соработниците на кои не им одговара зашто сакаат да ја продлабочат политичката криза.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на тенок мраз сака да ги стави граѓаните и државата, само за да се заштитат од одговорност за направените криминали и затоа поттикнуваат насилства и омраза.

Но Македонија оди напред. Ќе има и конститутивна седница, мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се должни да ја прифатат мнозинската волја. Мора да прифатат дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта“ стои во соопштението на СДСМ.

Зијадин Села од Алијансата за Албанците, тврди дека власта и медиумите блиски до неа деновиве го оцрнуваат вадејќи му стари снимки и изјави од пред изборите, дадени во жарот на изборната кампања, чија цел е да се отежни формирањето на новата влада.

Тој, во изјава за телевизија Телма вели дека и сега ги брани барањата од интерес на Албанците во Македонија, но дека не гледа никаков радикализам кај себе.

-Јас немам проблеми со моите ставови и не се насочени кон ниеден во државата против ниедна етничка заедница.Сите тие кои имаат проблеми мислам дека треба да седнат и да си разговараат со себеси какви политички кариери имаат градено во изминатите години. Јас немам градено политичка  кAриера повикувајќи на „гасни комори“ за Албанците или било кој друг народ – вели Села.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News