MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ДРАМАТИЧНА ПОБЕДА НА АДЕЛАИД ВО ДУЕЛОТ СО БРИЗБЕЈН РОАР
 
ДРАМАТИЧНА ПОБЕДА НА АДЕЛАИД ВО ДУЕЛОТ СО БРИЗБЕЈН РОАР
19.03.2017, 11:44:33
 
 
 

Две средби се одиграа денес во рамки на 23 коло во А лигата со што и официјално се комплетираше рундата во која натпреварите се играа во текот на два викенди.

.

Денес убедливо последниот на табелата тимот на Аделаид Јунајтед ја запиша својата 4 победа оваа сезона откако неочекувано славеше со 2-1 пред своите навивачи на мечот против екипата на Бризбејн Роар.

Домаќините поведоа со голот на Баба во 16 минута од натпреварот, а Мекларен во 60 минута изедначи на 1-1. Осум минути по истекот на регуларните 90, Сирио биеше прецизно од белата точка и им ја донесе четвртата победа на домаќините во оваа сезона.

На вториот меч одигран денес ВС Вондерерс го совлада тимот на Велингтон Феникс со 3-1.

Стрелци на головите за домашната екипа беа Мертинез во 9та и Санталаб во 39та и 48та минута од натпреварот. Единствениот гол за гостите беше дело на Финклер во 76 минута од средбата.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News