MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ДАНОК ЗА ПРОЗОРЕЦ ВО БРИТАНИЈА И УШТЕ НЕКОИ ЧУДНИ ДАНОЦИ НИЗ СВЕТОТ
 
ДАНОК ЗА ПРОЗОРЕЦ ВО БРИТАНИЈА И УШТЕ НЕКОИ ЧУДНИ ДАНОЦИ НИЗ СВЕТОТ
19.03.2017, 11:31:56
 
 
 

Замислете дека Вашиот клиент работи како професионален кловн. Во ова имагинативно сценарио тој сака да знае дека  униформата, од преголеми чевли, до црвен нос, може да се одбие од формуларот за данок. Излегува дека овие предмети не се користат на друго место и затоа се означени дека официјално може да им се одбие данок.

.

Во САД

Одбивање на данок за бодибилдери: Според Investopedia Управата за јавни приходи ќе им овозможи на даночните обврзници во одредени професии да си ги одбијат трошоците што се поврзани за нивниот физички изглед. Така, професионалните бодибилдери може да ја одбијат цената на маслото за тело и други производи што ги користат за да го подобрат изгледот на кожата.

Одбивање на данок за изгладнетите улични артисти: овие артисти може да се ослободат од данок за трошоци под одредени околности како на пример кога трошоците се поврзани со работата и се повеќе од 10% од приходите, или кога бруто приходот не надминува 16.000 долари. Во овие случаи може да се одбијат трошоците поврзани со уметноста.

Даночен кредит за вдомување студент на размена: Ако вдомувате студент од странство тогаш може да сте квалификувани за месечен даночен кредит од 50 долари. Но, првин мора да имате официјален договор со организацијата што ја спонзорира програмата, а студентот мора да биде редовен ученик во средно училиште и не може да биде член на семејство на земјата домаќин.

Џокејски данок: овој данок е воведен во Калифорнија и се состои во оданочување на спортски познати личности, изведувачи и други забавувачи, а е воведен по победата на Чикаго Булс над Л.А. Лејкерс во финалето на шампионатот.

Данок на судски постапки: Во Тенеси постои данок за судски постапки. Сумата варира од случај до случај и може да биде и 1 долар ако станува збор за случај поврзан со паркирање. Данокот постои да ги обесхрабри несериозните тужби.

Луѓето над 100 години се ослободени од данок во Ново Мексико.

Во светот

Данок на прозорец: ограничувањето на архитектурата е вообичаена практика во човековата историја, а еден од многуте примери е во Велика Британија каде во 17 век се вовел данок на прозорец. Идејата е да се оданочуваат богатите кои живеат во куќи со повеќе прозорци.

Данок на политички противници или „данок на убивање“: Оливер Кромвел, англискиот воен и политички лидер наметнал данок за сите политички опоненти кои не се од негова страна.

Имињата на бебињата мора да бидат оддобрени од страна на даночната агенција: Во Шведска постои ова правило. Имињата мора да бидат оддобрени пред детето да наполни 5 години. Овој закон постои да превенира луѓето да ги користат кралските имиња или да одберат такви кои се збунувачки или навредливи.

Данок за ширината на куќата: Во Амстердам постоел данок  за ширината на каналот кој се наоѓал пред куќата. Законот бил изгласан за да се соберат пари за проектот за проширување на градот. Така граѓаните почнале да ги градат сега легендарните тесни куќи.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News