MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ФЕДЕРЕР ПРОТИВ ВАВРИНКА ВО ФИНАЛЕТО НА ИНДИЈАН ВЕЛС
 
ФЕДЕРЕР ПРОТИВ ВАВРИНКА ВО ФИНАЛЕТО НА ИНДИЈАН ВЕЛС
19.03.2017, 10:55:38
 
 
 

Швајцарците Роџер Федерер и Стен Вавринка ќе ги измерат силите во финалето на Индијан Велс вечерва од 21:00 часот по македонско време.

.

Поранешниот број 1 ќе се обиде да ја освои петтата титула од турнирот, откако триумфираше во 2004-та, 2005-та, 2006-та и 2012-та година. Федерер играше финалиња и во 2014-та и 2015-та, но беше победен од Новак Ѓоковиќ.

Билансот на 35-годишниот Федерер против Вавринка е повеќе од убедлив. Двајцата се сретнале 22 пати. Федерер има 19 победи и три порази.

Последната средба меѓу нив беше во полуфиналето на овогодинешното издание на Отвореното првенство на Австралија. Дуелот заврши со успех за ветеранот. Потоа тој триумфираше и во финалето против Рафаел Надал.

За да стигне до финишот, Маестро вчера го елиминираше Џек Сок со 6:1, 7:6. Вавринка пак го отстрани Пабло Карењо-Буста со 6:3, 6:2.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News