MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » СИГУРНА ПОБЕДА НА СИТИ ЗА НОВИ ТРИ БОДА ВО А ЛИГАТА
 
СИГУРНА ПОБЕДА НА СИТИ ЗА НОВИ ТРИ БОДА ВО А ЛИГАТА
18.03.2017, 16:57:22
 
 
 

Бруно Форнароли погоди два пати и се искачи на бројката од 17 погодоци во оваа сезона на мечот кој денес Сити го одиграа против екипата на Њукасал Џетс. Сити славеше убедливо со 4-0 и со новите три бода се зацврсти на третата позиција на табелата во А лигата. 

.

Кејхил го отвори резултатот со голот во 12 минута за водство на домашните од 1-0. Со овој резултат се замина и на полувреме.

Во вториот дел од мечот најпрво Фицџералд зголеми на 2-0 во 65 минута, а десет минути подоцна Форнароли биеше прецизно од белата  точка за 3-0. Повторно Форнароли во 81 мин ута ги постави конечните 4-0.

Утре се играат последните две средби од 23 коло во А лигата. Во терминот од 07:00 часот Аделаид Јунајтед го пречекува тимот на Бризбејн Роар, додека два часа подоцна започнува мечот помеѓу екипите на ВС Вондерерс и Велингтон Феникс.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News