MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » АЛИЈАНСАТА САД ГЕРМАНИЈА - СИМБОЛ НА СИЛА
 
АЛИЈАНСАТА САД ГЕРМАНИЈА - СИМБОЛ НА СИЛА
18.03.2017, 02:30:00
 
 
 

По средбата во Белата куќа со германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на САД, Доналд Трамп кажа дека тој го поддржува НАТО, но го повтори повикот земјите членки да ги зголемат средствата за поддршка на воената алијанса.

 

.

Трамп изрази „силна поддршка за НАТО“, но ги повика другите членки кои „должат огромни суми пари“ да „го платат својот дел.“

Тој ова го кажа за време на прес-конференцијата по средбата во Овалната канцеларија со Меркел. Тој претходно ја обвини канцеларката дека ја „урива“ Германија со прифаќањето на илјадници сириски бегалци.

Ова беше прва лична средба на двајцата шефови на највлијателните западни држави, по победата на Трамп на претседателските избори во ноември. Состанокот може да ја обликува иднината на трансатлантската алијанса.

Помеѓу нив постоеше и навиден судир, откако кандидатот Трамп ја обвини Меркел дека ја „урива“ Германија и други европски земји со либералната имиграциона политика, зборуваше негативно за НАТО и навести трговска војна.

Меркел го нападна Трамп за изрекувањето на наредбата за забрана за патување на имигранти од шест главно муслимански земји. Таа го потсети претседателот дека блиската соработка на САД и Германија мора да се заснова на „вредностите на демократијата, слободата, почитување на владеењето на правото, човечкото достоинство, без оглед на потеклото, бојата на кожата, религијата, полот, сексуална ориентација или политичкото убедување.“

Трамп кажа дека односите меѓу САД и Германија се изградени на „заеднички вредности,“ а Алијансата е „симбол на моќ“ во светот.

Освен НАТО, неколку други спорни прашања чекаа на разгледување од страна на двајцата лидери. Трамп кажа дека ја цени поддршката на Германија во разрешувањето на конфликтот во Украина, каде што, рече тој, „ние бараме изнаоѓање на мирно решение.“

Трамп додаде дека двете земји ќе продолжат со борбата против „радикалниот исламски тероризам“, велејќи дека „имиграционата безбедност е и национална безбедност“.

Извор: Гласот на Америка

Питер Хаинлаин, Ферн Робинсон, Вејн Ли

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News