MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Interview » МЛАД, ТАЛЕНТИРАН И АМБИЦИОЗЕН - D J BAZZ ЗА MACTEL
 
МЛАД, ТАЛЕНТИРАН И АМБИЦИОЗЕН - D J BAZZ ЗА MACTEL
24.01.2017, 12:10:44
 
 
 

Убаво е кога под Македонско небо се создаваат нови музички имиња, кои можеби ќе се вивнат до ѕвезденото небо запишувајќи се во историјата на музичката сцена. Да се надеваме дека таков спектакуларен успех би имал и младиот DJ BAZZ кој на Дј сцената се појави пред две години. За краток период своите сетови ги презентираше низ повеќе градови од Македонија, за конечно своите слушатели да ги почести и со своја авторска трака.

Ова беше повод за да направиме краток разговор со него.  

.

Кога и како започна приказната со „пуштање“ музика?

Најпрво благодарам на поканата, мојата приказна започна кога бев на забава во едно кафуле,ги гледав луѓето разиграни ,размрдани си реков можам и јас , можам да направам атмосфера луѓето да бидат расположени размрдани тоа едноставно ме исполнува кога сум на бината.Така и решив за краток период си купив опрема и почнав.

Кои градови ги имаш мапирано со твои настапи?

До сега за поточно за 2016 година го поминав речиси целиот источен регион. Пробиштип, Кратово, Кочани, Виница, Делчево исто така и Св.Николе, Неготино и Валандово и секако Штип. Најголема атмосфера секако имаше во Делчево на новогодиншната вечер, каде луѓето беа разиграни пееа , рипаа едноставно беше вистинска забава.

Каков стил на музика преферираш на твоите настапи?

Најискрено да ви кажам моите почетоци беа со Electro House, но македонската публика е навикната на комерцијалните хитови, и секако Хип хопот така што продолжив со комерцијалните хитови , но секако знам да уфрлам нешто и електронско на кое публиката реагираше убаво.

Конечно месецов ќе ја слушнеме и твојата прва трака, каков наслов и даде и што те инспирираше за нејзино создавање?

Мојата трака се вика HUGO за нејзиното име ми дојде инспирација од играта Хуго, која како мал постојано ја гледав на една национална телевизија па така ми дојде инспирацијата.

Потпишавте соработка со продукциска куќа во Романија, што значи тоа за тебе како артист и кои се бенифитите кои би ги добил од соработката?

Да потпишав договор кој ќе трае 3 години за мене тоа значи еден почеток со кој се надевам повеќе ќе успее да ме поттурне во мојата кариеа и ќе ми даде мотивација за повеќе работа Бенефициите се блиска соработка со светска издавачка куќа и пласирање на мојата трака на светско ниво во сите онлaјн дигитални музчки продавници.

Во продолжение слушнете ја траката на DJ BAZZ , а нашиот тим му посакува успешна работа, бројна продукција и многу број 1 хитови!

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News