MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Community » НАД 16.000 ИСЕЛЕНИЦИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ГЛАСАЊЕ
 
НАД 16.000 ИСЕЛЕНИЦИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ГЛАСАЊЕ
11.11.2016, 17:00:00
 
 
 

Можно е сите кандидати од дијаспората да доаѓаат од Европа или од Северна Америка и Австралија доколку партиите проценат дека таму ќе имаат повеќе гласови. Засега најголем е интересот за гласање во Европа, а најмал во Австралија, пренесува Телеграф.мк.

 
 

.

Пред истекот на рокот дијаспората почна засилено да се пријавува за гласање на изборите на 11 декември. Од Државната изборна комисија потврдуваат за зголемениот интерес и нагласуваат дека до утрово се пријавени 16.376 лица. Иселениците имаат уште речиси два дена да се пријавуваат бидејќи крајниот рок истекува утре на полноќ. Бројките покажуваат дека гласање во дијаспората сигурно ќе има, но прашање е колку пратеници ќе бидат избрани. За да биде избран еден пратеник од дијаспората, потребно е да освои 6.400 гласа, односно колку што се потребни да се стане пратеник од Македонија во изборната единица со најмал број запишани гласачи. За двајца пратеници потребни ќе бидат околу 12.800 гласачи, за максимални тројца близу 19.000.

Партиите сè уште не ги обелодениле кандидатите за пратеници од дијаспората. Поради променетиот изборен систем - наместо три да се направи една изборна единица - секоја партија или коалиција доставува листа со тројца кандидати од дијаспората. Притоа не е неопходно тие да бидат од различен континент како што беше досега.

Можно е сите кандидати да доаѓаат од Европа или од Северна Америка и Австралија доколку партиите проценат дека таму ќе имаат повеќе гласови. Засега најголем е интересот за гласање во Европа, а најмал во Австралија.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News