MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Community » И ЕПАРХИЈАТА ВО АВСТРАЛИЈА ПОВИКУВА НА ГЛАСАЊЕ
 
И ЕПАРХИЈАТА ВО АВСТРАЛИЈА ПОВИКУВА НА ГЛАСАЊЕ
07.11.2016, 17:39:00
 
 
 

Иселениците имаат уште пет дена да се пријават за гласање за изборите на 11 декември. В петок истекува рокот дијаспората да го докаже своето избирачко право и да се пријави на апликацијата која е поставена на интернет-страницата на Државната изборна комисија.

 

.

Во агитирањето на иселениците да се пријават за гласање е вклучена и епархијата во Австралија и Нов Зеланд. Тие преку свои активисти бараат од верниците да побрзаат со регистрација бидејќи рокот истекува в петок. На една недела пред истекот на рокот пријавени се околу 6.500 иселеници. Она што е различно од минатите избори е што овој пат најголем број од пријавените гласачи се од Европа.Од овие избори ќе се применува новиот пропорционален модел за избор на пратеници од дијаспората. Тоа значи дека за да биде избран еден пратеник тој треба да освои ист број гласови колку што ќе освои пратеник во Македонија во изборната единица со најмал број гласачи,односно околу 6.400.На последните парламентарни избори на гласање излегоа 11.108 гласачи од дијаспората. Од нив најголем број беа од Европа, 8.387, САД 1790, а најмал број од Австралија 931.

Инаку, преку веб-апликацијата на Државната комисија, до денеска, 7 ноември, до 14 часот, поднесени се вкупно 10.235 пријави од граѓани за гласање во странство.Од нив, 8.258 пријави се прифатени, 166 се одбиени, а другите се во обработка.ДИК соопшти дека најголем број пријави, повеќе од 1.000, досега се поднесени за гласање во Берн, Венеција и во Детроит.ДИК напоменува дека најголем дел од одбиените пријави се одбиени од причина што граѓаните наместо документ издаден од надлежен орган на странската држава, како доказ во својата пријава приложиле документ издаден од орган на Република Македонија.

До вчера, 6 ноември, до 19 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во земјава, јавен увид во избирачкиот список извршиле вкупно 4.236 граѓани.Во однос на пријавувањето на 29.858 граѓани чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти во избирачкиот список, ДИК информира дека заклучно со денеска до 14 часот, преку веб-апликацијата пријавување за запишување во избирачкиот список извршиле вкупно 552 граѓани. Од нив, 540 пријави се прифатени, четири се во обработка, а осум се во фаза на разгледување.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News