MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » БУТАРИС КРИТИКУВАН ПОРАДИ ПРЕДЛОГОТ ЗА АЕРОДРОМОТ ВО СОЛУН
 
БУТАРИС КРИТИКУВАН ПОРАДИ ПРЕДЛОГОТ ЗА АЕРОДРОМОТ ВО СОЛУН
13.02.2018, 14:30:00
 
 
 

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис се соочува со жесток напад во неговата држава откако рече дека неговиот град треба да размисли да го преименува аеродромот во градот кој во моментов се вика „Македонија“.

.

Како што пренесува „Екатимерини“, за време на состанок на градскиот совет во Солун, Бутарис дал сугестија дека треба да се размисли да се промени и името на автобуската станица во Солун.

„Не реков дека треба да ги промениме имињата, само го поставив прашањето“, изјави Бутарис за Скај ТВ, дополнувајќи дека името Македонија само ги дели луѓето.

Неговиот предлог за аеродромот бил да се преименува во Никос Галис, познатиот грчки кошаркар кој влезе и во Куќата на славните во Америка.

Но, Јоргос Кумутсакос од Нова Демократија не мисли така.

„Тој треба да им ја остави дипломатијата и преговорите на дипломатите и да се сконцентрира на неговите обврски како што се здравјето и собирањето на сметот во неговиот град“, изјавил Кумутсакос.

По бурните реакции во грчката јавност Бутарис, на вонредна прес-конференција рече дека неговата изјава за преименување на аеродромот „Македонија“ во Солун била погрешно пренесена.

„Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот“, рече Бутарис и додаде дека неговите ставови што ги изнел на синоќешниот состанок не биле објавени во целост, туку само еден дел.

Во врска, пак, со изјавата во емисијата на грчката телевизија „Скај“, Бутарис рече дека тој спиел кога му се јавиле.

„Утрово ми се јавувија од ‘Скај’, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме прашаа кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис“, рече Бутарис.

Тој изјави дека аеродромот „Македонија“ во Солун може да го носи името на познатиот грчки кошаркар Никос Галис, кој е единствената глобално призната грчка личност, влезена и на „Булеварот на славните“. Тој рече и дека патниците се збунети, бидејќи кога се приземјуваат на аеродромот во Солун сметаат дека доаѓаат во Македонија.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News