MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ЈАДА ПОСЛЕДЕН НА ПРВИОТ НАСТАП ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПЈОНГЧАНГ
 
ЈАДА ПОСЛЕДЕН НА ПРВИОТ НАСТАП ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПЈОНГЧАНГ
13.02.2018, 13:14:06
 
 
 

Првиот настап на Македонија на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг помина неславно. На денешните квалификации во спринт во класичен стил, Ставре Јада беше убедливо последен.

.

Нашиот знаменосец го освои 79. место од 80 натпреварувачи, но еден беше дисквалификуван. Ставре Јада имаше време од 4 минути, 23 секунди и 85 стотинки, и задоцнување од речиси 18 секунди зад натпреварувачот пред него.

Македонскиот нордиец имаше задоцнување од една минута и 15 секудни зад победникот во овие квалификации, Ристомати Хакола од Финска.

Ставре Јада уште пред да замине за Пјонгчанг најавуваше дека спринтот во класичен стил не е негова најсилна страна, и шансата за подобар резултат ќе ја бара на трката на 15 километри слободно, која ќе се вози во петок.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News