MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » ПОЧНА СОСТАНОКОТ ВО ВИЕНА МЕЃУ ДИМИТРОВ,КОЅИЈАС И НИМИЦ
 
ПОЧНА СОСТАНОКОТ ВО ВИЕНА МЕЃУ ДИМИТРОВ,КОЅИЈАС И НИМИЦ
13.02.2018, 13:00:00
 
 
 


Почна состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц во Виена, во рамки на третата рунда од обновените преговори за решавање на спорот за името.

.

 

Преговорите прв пат по обновувањето се водат на ниво на министри за надворешни работи, откако тоа го договорија премиерите Зоран Заев и Алекцис Ципрас на нивната средба во Давос минатиот месец.

Димитров и Коѕијас вчера имаа средба во Виена на која ги усогласуваа позициите во пресрет на денешниот состанок со Нимиц. Нема информации дали на денешниот состанок ќе се разгледува нацрт-договорот, кој за средината на февруари го најави Коѕијас.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News