MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » ЅАНАКОПУЛОС: ТОПКАТА Е НА ТЕРЕНОТ НА СОСЕДНАТА ЗЕМЈА
 
ЅАНАКОПУЛОС: ТОПКАТА Е НА ТЕРЕНОТ НА СОСЕДНАТА ЗЕМЈА
13.02.2018, 12:50:00
 
 
 

Топката во овој момент е на теренот на нашите соседи, кои ќе треба и во пракса да покажат дека е промената реториката на владата што може да одведе до опипливи резултати во односите на двете земји, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, говорејќи за радиото Алфа 989.

.

 

Во врска со различните позиции на Скопје и Атина, во однос на промената на македонскиот Устав, нешто што грчкиот премиер Алексис Ципрас го спомена како предуслов, а македонскиот премиер Зоран Заев отфрли можност за измени, Димитрис Ѕанакопулос рече дека тоа е предмет на преговорите и уште еднаш ги повтори грчките позиции.

– Многу добро знаете дека едно заемно прифатливо решение, токму за да биде заемно, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение. – рече Ѕанакопулос.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News