MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ПРИЈАВИЛА БОМБА ЗА ДА ГО СПРЕЧИ СОПРУГОТ ДА СИ ЗАМИНЕ
 
ПРИЈАВИЛА БОМБА ЗА ДА ГО СПРЕЧИ СОПРУГОТ ДА СИ ЗАМИНЕ
13.02.2018, 11:29:18
 
 
 

Аеродромот во Женева на кратко беше затворен поради закана од бомба, за која потоа се покажа дека бил само очаен обид на една жена да го спречи сопругот да се качи во авион.

.

Лажната тревога предизвика неколкучасовен сообраќаен хаос околу аеродромот во Женева, на границата на Франција и Швајцарија, како и опсежна истрага.

„Минатата ноќ една жена ги повика швајцарските царински службеници на аеродромот во Женева и им кажа дека денеска ќе има лице со бомба“, се наведува во соопштението на канцеларијата на обвинителот.

Полицијата лоцирала од каде пристигнал повикот и ја пронашла жената. Таа потоа признала дека тоа го направила за да го спречи сопругот да си замине, се додава во соопштението.

Пред две недели, на московскиот аеродром Внуково, патник кој доцнел на лет телефонски пријавил дека е поставена бомба за да стигне навреме да го фати авионот.  

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News