MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » СЕ ПОВОЗБУДЛИВО ВО ПЈОНГЧАНГ
 
СЕ ПОВОЗБУДЛИВО ВО ПЈОНГЧАНГ
13.02.2018, 10:26:11
 
 
 

Третиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Пјонгчанг донесе големи возбудувања.

.

Германката Лаура Дахлмајер се закити и со второто олимписко злато на игрите во Пјонгчанг. Откако претходно таа победи на спринтерската трка од 7,5.км, денеска триумфира и во биатлонската трка на 10.километри „Пусуит“.

Во трката на 12,5 км. во машка конкуренција до олимпиското злато стигна Французинот, Мартин Фуркад беше најбрз, но и најпрецизен. Французинот со тоа го одбрани златото од Сочи, а ова за него е третото злато или вкупно петтиот олимписки трофеј во кариерата.

Американката Џејми Андерсон го освои златното одличје во сноуборд во дисциплината „Слопстајл“, со тоа таа стана првата во овој спорт која успеала на две олимпијади во низа да го освои златниот медал, откако пред четири години беше најдобра и во Сочи.

Светскиот првак во скијање слободен или попраниот “фристајл“, Канаѓанецот Мајкл Кингсбури, среброто од Сочи пред четири години, сега го претвори во злато на игрите во Пјонгчанг.

До втор медал на Олимпијадата стигна и Холанѓанката Ирене Вуст, која по среброто на 3.000 метри брзо лизгање, денеска беше најдобра на двојно пократката патека од 1.500 метри и го освои златниот медал. За 31-годишната Вист ова е петто злато или вкупно десетти медал на олимписките игри. Таа влезе во историјата како единствена лизгачка која има двоцифрен број на медали.

Норвежанката Марен Лундби го освои златото во ски-скокви во женска конкуренција.

Сет на златни медали освоија и канадските лизгачи кои беа најдобри во тимска конкуренција во уметничко лизгаше. Среброто и бронзата им припаднаа на Русите и Американците.

Од македонските олимпијци, првиот настап ќе го има нордиецот Ставре Јада кој во терминот од 10.05 часот по македонско време ќе се појави на спринтерската трка класично.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News