MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ЗАПОЧНУВА КОШАРКАРСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА
 
ЗАПОЧНУВА КОШАРКАРСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА
13.02.2018, 10:24:07
 
 
 

Кавадарци повторно ќе биде центарот на македонската кошарка од 16 до 18 февруари. Македонската кошаркарска федерација во салата „Јасмин“ ќе го организира кошаркарскиот Куп на Македонија.

.

Со натпреварот помеѓу актуелниот куп-освојувач Карпош Соколи и најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас Работнички, започнува најновото издание на најмасовното натпреварување кај нас. Соколите се далеку од оној тим кој беа минатата година според квалитетот.

Тимот е драстично подмладен, па фаворитската улога очекувано е на страната на единствениот непоразен клуб во првенството, екипата на Работнички.

Вториот меч кој привлекува огромно внимание е оној помеѓу актуелниот шампион МЗТ Скопје и екипата домаќин на турнирот, Фени Индустри. „Металците“ играат лошо сезонава, пред се во АБА лигата, па поради тоа се гладни за трофеј во Македонија.

Блокотехна ќе дебитира во Купот на Македонија, а ривал ќе им биде екипата која се натпреварува во АБА 2 лигата, АВ Охрид.

Еден од повозбудливите натпревари на Купот ќе биде оној помеѓу Гостивар и Куманово.  

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News