MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » ЈУТА ЈА ЗАПИША ДЕСЕТАТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА
 
ЈУТА ЈА ЗАПИША ДЕСЕТАТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА
13.02.2018, 10:22:11
 
 
 

Јута џез продолжи со серијата одлични игри, триумфирајќи на дуелот со Сан Антонио со 101-99, за десеттата победа во низа на „џезерите“.  

.

Спарси имаа предност од 83-70 на помалку од десет минути до крајот, но потоа Јута почна со беспрекорна игра во нападот и големиот пресврт. Во главна улога беше дебитантот Мичел, кој постигна осум поени во последните три минути, носејќи им ја на „џезерите“ големата победа над ривалот од Западната конференција.

Шампионот Голден стејт стигна до нова победа, овојпат на домашен терен против Феникс со убедливи 129-82. „Сонцата“ одолеваа на налетите на „воините“ само во првата четвртинa (25-24), за потоа Голден стејт да заигра фуриозно во нападот, шампионот постигна по 37 поени во вториот и во третиот период и на крајот стигна до убедлива победа. Стеф Кари со 22 поени беше најефикасен кај бранителот на титулата, Каспи постигна 19, а Дурант 17 поени за победничкиот тим.

Резултати НБА:

Детроит – Њу Орлеанс 103-118, Филаделфија – Њујорк 108-92, Бруклин – ЛА клиперс 101-114, Чикаго – Орландо 105-101, Јута – Сан Антонио 101-99, Голден стејт – Феникс 129-82.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News