MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » ПИСМА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ОД АВСТРАЛИЈА
 
ПИСМА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ОД АВСТРАЛИЈА
13.02.2018, 10:10:00
 
 
 

Двете писма испратени од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и Австралиско македонскиот театар од Сиднеј до кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

.

Ѓорге Иванов - Претседател на Република Македонија

Почитувани претседател Иванов

Нашиот театар во 2015 година го наградивте со посебна Повелба за нашите активности во промовирање на македонската култура во Австралија. Оваа година навршуваме 11 години од постоењето и зад себе имаме 15 театарски продукции, создавани и изведувани во Австралија и Македонија. Нашите продукции се наградувани и од австралиските институции кои ја ценат нашата работа на културно поле посебно за она што го работиме за македонската и мултикултурната заедница.

Ние макотрпно работиме за зачувување на македонскиот јазик и култура иако живееме во Австралија но владата на Република Македонија, за жал, уништува се што е македонско: јазикот, црквата, идентитетот, државноста. Владата на чело со премиерот Заев секојдневно тргува со соседите, под покровителство на Европската заедница и ОН, со се она што не поврзува како нација. Многу е јасно дека Заев и нелегитимната влада имаат единствена цел да не уништи како Македонци следејќи ја албанската платформа и платформите на Бугарија и Грција. Неговите истапи немаат граници, тој е крајно нестабилен, игоцентричен со психопатични тенденции.

Господине Иванов, националните интереси на Македонија треба да бидат надвор од доменот на политичките партии. Ние веруваме во Вас и како наш претседател мислиме дека крајно беше времето да превземете нешто. Поголемиот број на Македонците живеат надвор од границите на Република Македонија и сите ние бараме од нашата матична држава да бидеме заштитени како народ и бараме да се прекинат сите разговори со соседите каде се тргува со нашиот јазик, име и идентитет. Ние се надеваме на Вас и целосно Ве подржуваме во одлуките за да им се даде крај на понижувањата.

Од членовите на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј,

Душан Ристевски

Претседател

 


 

Ѓорѓе Иванов - претседател на Република Македонија

 

Почитувани Иванов,

Минатата година писмено Ви се обративме од името на членовите со кое баравме да ги штитите правата и интересите на македонската нација. Нашата писателска асоцијација постои 40 години и се формира со цел да го чува, одгледува и промовира македонскиот јазик. Преку литературата што ја издаваме и нашите активности ние сме активно вклучени во борбата за зачувување на македонскиот идентитет во дијаспората и во одбрана на притисоците од шовинистичките влади на Грција, Бугарија, Србија и Албанија.

Сведоци сме на крајното несовесно однесување на нелегитмно избраната влада на Заев која ги гледа личните интереси и се впушта на преговори со нацистичко настроените соседи за менување на името, историјата, статусот на црквата и јазикот. Се договара за македонскиот јазик и нашиот идентитет, работи против конституцијата на Републиката и кумува без наше одобрение. Дневната политика на сите партии во Македонија е слепа и нема никаква визија за нашата национална иднина. Ние Македонците сме огорчени од несовесното однесување на владата која изнесува платформи за уништување на македонскиот јазик и самата држава.

Мора еднаш засекогаш да им се стави крај на попуштањата и договарањата кои се на наша штета. Вие како наш претседател имате должност да застанете зад македонските интереси. Нелегитимно поставената влада треба да престане да дава отстапки за туѓи интереси и престане да прима совети од Европската заедница која во 1913 година го отпочна уништувањето на македонската нација, а сега отворено се меша во внатрешното уредување на државата. Ние во дијаспората и во поробените делови на Македонија не можеме повеќе да трпиме и молчиме кога ни се посега по нашиот идентитет. Цврсто стоиме во одбрана на македонската државност и најостро го осудуваме мешањето на Европската заедница и ОН во внатрешното уредување на државата. Дијаспората од вас бара зрелост и одлучност, а најповеќе водечка улога во зачувување на нашата државност и нација. Време е да ги браните интересите на Македонците и да не дозволите владата на Заев, која е дискриминаторска кон Македонците, да ја уништи Македонија.

Со особена почит и со надеж дека ќе ги штитите интересите на сите Македонци без разлика каде живеат.

 

Од името на членовите,

Почесен претседател

Душан Ристевски

 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News