MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » АВСТРАЛИЈА ЕДИНСТВЕНА ЗЕМЈА СО ПОСЕБНА ПРОГРАМА ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ
 
АВСТРАЛИЈА ЕДИНСТВЕНА ЗЕМЈА СО ПОСЕБНА ПРОГРАМА ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ
12.02.2018, 11:22:11
 
 
 

Во светот не постои правно барање за политиките за образование за талентираните. Ова го има само во Австралија што зборува дека речиси ништо не се прави за талентираните ученици на глобално ниво.

.

Маргарет Монро, мајка на еден таков ученик, рекла дека образовниот систем не им оди во прилог на талентираните ученици. Според неа, тој создава состојба во која предавачот треба да се справи со сите деца и технички секој може да каже дека Вашето дете не може да ги развие своите таленти. Начинот на кој постои талентираноста не е многу јасна и за неа не постои структура. Неа ѝ било кажано да се концентрира на неговиот социјален развој и дека треба да се загрижи ако оди во парк или ако сака да ги изразува своите таленти преку уметноста. Но, за неа ова било сосема погрешно.

Нејзиниот син Рас со 6 години е најмладиот ученик во државното средно училиште Кенмор во Австралија и веќе му е предизвик да го прошири своето знаење за вселената.

„Некогаш учам нешта што не треба да ги учам и потоа можам да ги истражувам,“ вели Рас.
Моментално ова вклучува напредни концепти на физиката како темна материја или темна енергија. Рас најпрвин имал одбивност кон училиштето, им пречел на другите деца и никој не знаел што се случува со него. Постоеле сомнежи и дека има аутизам или дека доцни со развојот.

Општоприфатениот концепт дека овие деца се ретки е сосема погрешен. Австралија е само пример дека на децата треба да им се дадат образовни права за да го развијат нивниот потенцијал.  

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News