MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ФЕЈСБУК ПЛАНИРА НОВО КОПЧЕ ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ
 
ФЕЈСБУК ПЛАНИРА НОВО КОПЧЕ ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ
12.02.2018, 11:18:07
 
 
 

Компанијата Фејсбук планира да воведе опција за негативно оценување на постови, така наречен „даунвоут“, при што корисникот поретко ќе го гледа посочениот коментар.

.

Според Фејсбук, не се работи за одамна најавуваното „дислајк“ копче, но сепак принципот ќе биде сличен. Доколку наидете на коментар што не ви се допаѓа, опцијата „даунвоут“ ќе го скрие тој коментар за вас, но не и за другите корисници.

Опцијата ќе има можност коментарот да се оцени како „навредлив“, „збунувачки“ или „надвор од темата“. Засега „даунвоут“ опцијата е тестирана кај помал број корисници на Фејсбук во САД.

Според аналитичарот Мартин Гарнер, Фејсбук не сака да преземе одговорност за криење или цензурирање на туѓите коментари и покрај тоа што се соочи со серија такви пораки по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Место тоа, вели Гарнер, Фејсбук ќе ги остави самите корисници да решаваат дали одреден коментар сакаат да го гледаат поретко на мрежата, со „даунвоут“ опцијата.

Фејсбук сепак паралелно вработува поголем број техничари чија задача ќе биде да ги проверуваат постовите и коментарите и да ги отстрануваат лажните или навредливите коментари.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News