MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПРВА СО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОСАМЕНОСТ
 
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПРВА СО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОСАМЕНОСТ
12.02.2018, 11:16:38
 
 
 

Велика Британија влегува во политичката историја. Формираа целосно ново досега не пробано министерство – првото во светот министерство за осаменост.

.

Министерството е формирано како одговор на тоа што премиерката Тереза Меј го вика тажната реалност на модерниот живот за многу луѓе.

Прерано е да се прогнозира какви точно полиси ќе бидат претставени и воведени од новата министерка за осаменост, Трејси Крауч, но сепак воведувањето на ваква функција ја разгори имагинацијата на јавноста, инспирирајќи многу шпекулации за тоа сошто новото министерство е неопходно и што всушност би можело да направи за да ја подобри ситуацијата на осамените во Британија.

Ефектите од осаменоста во меѓувреме, се недвосмислено разурнувачки. Во Британија половина милион од луѓето над 60 години зборуваат со друг човек само еднаш неделно или помалку.

Докажано е дека луѓето кои за себе велат дека се осамени имаат поголеми шанси да развијат деменција, срцеви болести и депресија.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News